Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новиот закон за заштита од пушење оваа недела ќе „допатува“ во Владата

/

пред 223 дена

Сподели преку :

Се што значело олабавување на основната цел, целосна заштита од чад во затворени простории  било одбиено. Прифатени се предлози што носат поголема правна јасност и полесна примена на законот.

Јавната расправа заврши, финалниот текст на предлот законот за заштита од пушење следната недела треба да оди на Влада, а потоа и во Собрание. Точен датум за гласање нема, но од институциите уверуваат постапката ќе се турка во најбрз можен рок.

Десетици забелешки, предлози и реакции пристигнале на адреса на институциите за новиот закон.

Се јавиле стопански комори, здруженија, институции, невладини организации, но и граѓани. Дел барале појасни дефиниции, дел предупредувале на економски последици, а некои отворено се спротивставиле на рестрикциите.

– Дополнително прецизирање на дефинициите за „затворен“ и „полузатворен“ простор со цел да нема правни нејаснотии и потешкотии во имплементацијата; Прецизирање на забраните за ароматизирачки материи (адитиви) во тутунските и сродните производи согласно добрите европски практики; Усогласување на одредбите поврзани со надзорот и надлежностите на инспекциските органи; Прецизирање на одредбите за заштита околу образовни и здравствени установи и др. Прифатени  механизми со цел подобра имплементација преку одложена примена на дел од одредбите на овој закон, велат од Министерството за здравство.

Она што е познато е обврската угостителските објекти, наместо три, да отстранат два ѕида доколку сакаат просторот да се смета за отворен.

Исто така, вејп-уредите, ајкос и сите слични производи ќе бидат забранети во затворени простории. За овие измени е предвиден адаптациски период од една година.

Целта според надлежните е заштита на граѓаните од штетните влијанија од пушењето и намалување на трошоците за лекување.

Симона Петровска