Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ново рочиште за случајот со модуларната болница во Тетово

/

пред 1468 дена

Сподели преку :

Во кривичниот суд во Тетово продолжува судењето за пожарот во Модуларната ковид болница, кој се случи пред повеќе од една година.

Претходното рочиште се одложи поради отсуство на двајца од обвинетите.

Во обвинителна клупа седат поранешниот економски директор на Клиничката болница во Тетово, Артан Етеми и раководителот на ковид-центарот, Бобан Вучевски и поранешниот директор на тетовската болница, Флорин Бесими кој по одлагањето на рочиштето, рече дека сѐ што има да каже за трагичниот настан, ќе го каже пред судот.

Пожарот во модуларната болница се случи на 8 септември 2021 кога 14 лица ги загубија животите.

Основното јавно обвинителство Тетово, по повеќемесечна истрага на 27 јули 2022 до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице.