Околу милион и триста илјади евра ќе чини првата фаза од надземното поврзувањето на булеварот Mакедонија, со подземната улица која поминува под комплексот Лимак, а која според градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, за 30 проценти ќе го растовари сообраќајот во централното градско подрачје.
Првата фаза ќе се гради 90 дена.
Дополнително Ѓорѓиевски информираше дека е во финална фаза на супервештањето со кое треба да се пробие мостот кај салата „Јане Сандански“ од другата страна на Вардар, со што би се поврзале општините Аеродром и Гази Баба преку населбата Ќерамидница.











