Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ново судење за 27-ми април, адвокатот на обвинет Давидовски побараа изземање на судијата

/

пред 568 дена

Сподели преку :

Адвокатите на Дејан Давидовски Дешо, обвинет за упадот во Собранието на 27-ми април 2017-та, побараа изземање на судијата Илија Трпков поради пристрасност.

Адвокатот Тони Менкиновски рече дека во изјавата на судијата кога ја донел ослободителната пресуда за организаторите на упадот во Собранието имал толкувања за настанот поради што не се очекува праведен процес.

Покрај Менкиновски, адвокат на обвинетиот е и Ване Андреев долгодишен адвокат на екс премиерот Зоран Заев кој беше меѓу нападнатите на крвавиот четврток.

Давидовски е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок. Избега од државата и беше во Шведска, а тамошниот Врховен суд не дозволи екстрадиција бидејќи станувало збор за политичко кривично дело.