Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новогодишен воз на Железници Транспорт на 2, 3 и 4 јануари

/

пред 287 дена

Сподели преку :

Нашиот новогодишен воз ќе продолжи да сообраќа, носејќи насмевки и незаборавни моменти за најмалите и за целото семејство, соопшти денеска МЖ Транспорт.

Во возот, посочуваат, ве очекува вистинска празнична авантура, а специјален гостин ќе биде Дедо Мраз, кој ќе ги поздравува децата, ќе дели радост, топли желби и новогодишна магија.

Тремините за сообраќај на овој воз се:

  • На 2.01.2026 од станица Скопје во 18, 20:30 и 21 часот
  • На 3.01.2026 од станица Скопје во 13:30, 18, 20:30 и 21 часот
  • На 4.01.2026 од станица Скопје во 13:30, 18, 20:30 и 21 часот.

„Патувајте со нас, доживејте ја атмосферата на Новата година и создадете спомени што ќе се паметат долго! Новогодишната магија не завршува, таа продолжува со нашиот празничен воз“, велат од МЖ Транспорт.