Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новоизбраните членови на Судскиот совет порачаа дека е време за интегритет и одговорност

/

пред 262 дена

Сподели преку :

Новоизбраните членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска и вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ, денеска во Собранието дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Јошевска-Анастасовска нагласи дека денеска дале изјава за лична одговорност и очекува дека заеднички ќе успеат од Судскиот совет да изградат една силна институција.

  • И чекор по чекор храбро, отчетно, одговорно и трпеливо да почнеме да се движиме во еден позитивен правец и да придонесеме да се зголемува довербата во судството. Време е за интегритет. Време е за одговорност, рече Јошевска-Анастасовска.

Смета дека треба да почнат со спроведувањето на новиот Закон за Судски совет и да ги донесат сите подзаконски акти кои се поврзани со него.

  • Сметам дека треба да почнеме да го применуваме новиот Закон за Судски совет, да ги донесеме подзаконските акти кои се врзани со новиот закон и натаму да биде добра основа за градење со нови сили за силна институција, нагласи Јошевска-Анастасовска.

Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието и двајца членови се на предлог на претседателот на државата. Членови без право на глас се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Тие се избираат со мандат од шест години, со право на уште еден реизбор.