Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новото раководство на РЕК Битола тврди: „Марковски Компани“ понуди најниска цена на тендерот

/

пред 736 дена

Сподели преку :

Од АД ЕСМ и РЕК Битола се правдаат за последниот договор со „Марковски Компани“, откако владеачката ВМРО-ДПМНЕ, речиси, истовремено објави промотивно видео за нелегални тендери во времето на нивните претходници СДСМ кои ги добивала оваа битолска фирма.

„Марковски Компани“ на 10 октомври склучила рамковен договор со РЕК Битола од еден милион евра, за работна рака за тековни машински интервенции.

Од АД ЕСМ и РЕК Битола, зошто ја избрале оваа фирма – коментираат дека работат согласно законите и нема да дозволат злоупотреби, а во конкретниот тендер е испочитувана комплетната процедура.

Процедурата е спроведена од претходното раководство, а одлуката за избор е потпишана од поранешниот директор на РЕК Битола, Пеце Матески, на 22 август.

„Договорот е потпишан на 7 октомври од новиот раководител на подружницата, и тоа дури откако е направено испитување на пазарните цени во однос на оние од Одлуката за избор и констатацијата на стручните служби дека биле понудени односно избрани за најповолни – најниските цени достапни на пазарот во моментот“, информираат од ЕСМ. 

Битолската компанија во изминатите години има добиено стотици милиони евра за тендери од РЕК Битола.

Во тендерите, како што пишуваше и КОД, има редовни подизведувачи – струмички фирми кои се поврзуваат со името на поранешниот премиер Зоран Заев.

Со „Марковски Компани“, според ЕСМ, се постигнати цени за работна рака за 40% пониски во однос на цените во изминатите две години.

На последниот повик за разлика од 2022 и 2023 година, биле пријавени пет фирми, а најниската цена била токму од оваа фирма.

„АД ЕСМ работи исклучиво според законите и нема намера да врши политичка селекција на фирми кои учествуваат во сегментот јавни набавки. Секоја фирма и потенцијален оператор што се јавува на распишаните јавни повици е, и ќе биде предмет на детална проверка, согласно Законот за јавни набавки и според утврдените критериуми и правила за учество“, додаваат од ЕСМ. 

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ видеото за нелегалните тендери и за „Марковски Компани“, го објави на јутјуб на 13 октомври, а договорот бил склучен три дена претходно.

Петар Догов