Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Њујорк тајмс“: Мадуро во декември го одби ултиматумот на Трамп да поднесе оставка и замине во егзил во Турција

/

пред 281 дена

Сподели преку :

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го одбил ултиматумот кој му го постави неговиот американски колега Доналд Трамп, барајќи од него да поднесе оставка, да ја напушти земјата и да замине во егзил во Турција, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори во владите на САД и на Венецуела.

Според нив, американските власти уште тогаш ја идентификувале потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез како потенцијална привремена замена за Николас Мадуро.

Изворите наведоа дека администрацијата во Вашингтон верува оти таа би можела да ги поддржи и заштити идните американски инвестиции во енергетскиот сектор на Венецуела, бидејќи, како што додаваат, оставила силен впечаток меѓу тимот на Трамп со нејзиното управување со нафтената индустрија на земјата.