Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

О2: Аерозагадувањето во Македонија е здравствена криза, не еколошка тема

/

пред 280 дена

Сподели преку :

Иницијативата О2 денеска соопшти дека проблемот со високото аерозагадување не е еколошки проблем, туку претставува здравствена криза, која како таква треба да се реши што побргу, а не да се влече со децении и политички да се калкулира со мерките кои се неопходни за нејзино решавање.

Тие укажуваат дека нашата држава со години е на врвот во Европа по бројот на починати поради изложеност на PM2.5 честички.

Во 2023-тата година таа бројка е 222 лица на 100.000 жители во ризик.

Од иницијативата посочуваат дека аерозагадувањето, PM честичките, издувните гасови од дизел возилата, полицикличните ароматични јаглеводороди и бензенот во издувните гасови на возилата, одредени тешки метали од индустријата, разни соединенија при согорување на дрва, јаглен, нафта се класифицирани како канцерогени од прва група, што значи дека докажано предизвикуваат рак кај луѓето според Меѓународната агенција за истражување на ракот

За годината која измина, иницијативата О2 предупредува дека и по три години и повеќе и натаму нема мерења на одредени мерни станици.

Во моментов 39 инструменти не работат, посочуваат од О2, односно 30% од вкупниот број.

Истовремено, според О2 продолжува и праксата да не се мерат тешките метали, бензенот, бензо(а)пиренот, хемискиот состав на PM2.5, прекурсорските супстанции на озонот на потребниот број на мерни места, иако тоа е законска обврска.

Како резултат, јавноста, но и институциите кои треба да преземат конкренти мерки, не знаат на какви концентрации од овие супстанции сме изложени, од кои голем дел се докажани канцерогени.

Во однос на загадувањето со PM2.5, иницијативата О2 укажува дека тие се  најопасните и најштетни по здравјето и констатира дека нема некоја промена во последните 5 години а малите разлики се должат на климатските услови.

При тоа, во зима: концентрациите се до 18 пати повисоки а надвор од грејна сезона: до 3,5 пати повисоки

„Поразително е што ниту Лазарополе, кое важи за рефренетно чисто подрачје, не ги исполнува здравствените граници за PM2.5“ – тврди иницијативат О2.

За PM10 честичките се констатира слично сценарио, при што загадувањето со нив е во слични рамки и исто не покажува некоја промена.

Во зимскиот период концентрациите се до 7,5 пати повисоки,  а во текот на летото и до 2,5 пати повисоки, при што само Лазарополе има PM10 вредности во граници на заштита на здравјето.