Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обединетите нации: Ова е клучен чекор кон мирно решавање на конфликтот

/

пред 111 дена

Сподели преку :

Обединетите нации го поздравија договорот за трајно прекинување на непријателствата меѓу САД и Иран, што беше објавен рано утринава.

„Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, го поздравува соопштението дека Соединетите Американски Држави и Иран се согласиле за мировен договор што предвидува итен и траен прекин на огнот, отворање на Ормуската Теснина и рамка за натамошни преговори. Ова е клучен чекор кон мирно решавање на конфликтот“, се посочува во соопштение што го објави портпаролот на Генералниот секретар на ООН.

За договорот меѓу САД и Иран првично соопшти пакистанскиот премиер Шахбас Шариф, кој посредуваше во напорите за запирање на војната, а подоцна тоа беше потврдено и од американска и од иранската страна.

САД и Иран постигнаа договор за ставање крај на војната

Трамп: Бродови на светот, стартувајте ги моторите, нека тече нафтата!