Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обезбедувањето на Трамп било засилено неколку недели пред обидот за атентат

/

пред 827 дена

Сподели преку :

Нивото на заштита на Доналд Трамп било зајакнато пред неколку недели откако американските власти дознале за ирански заговор за негово убиство, објавува Би-Би- Си.

Иако во конкретниот случај за атентат врз него нема поврзаност со Иран, обелоденувањето на информацијата дека безбедноста била дополнително засилена покренува дополнителни прашања за тоа како Томас Метју Крукс можел да се качи на зграда и да се приближи доволно блиску за да пука кон републиканскиот кандидат за претседател.

Трамп и официјални лица, вклучително и неговиот поранешен државен секретар, Мајк Помпео, се соочуваат со закани од Техеран откако наредиле атентат со беспилотно летало на Касим Сулејмани, водачот на иранските сили Кудс, во Ирак во 2020 година.

Иранската мисија во Обединетите нации го нарече извештајот „непоткрепен и злонамерен“, додавајќи дека Трамп „е криминалец кој мора да биде кривично гонет и казнет на суд“.

Претседателот Џо Бајден нареди независен преглед за тоа како напаѓачот можел толку да му се доближи, незабележано, и да се обиде да го убие Трамп. Тајната служба исто така се соочува со истраги од Конгресот.