Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Објавени резултати од конкурсите за стипендии за социјална поддршка на средношколци и за запишани во дуалните паралелки

/

пред 320 дена

Сподели преку :

Објавени се резултатите од конкурсот за доделување на 900 стипендии за социјална поддршка на учениците од јавните средни училишта, информира Министерството за образование и наука. Покрај овие стипендии објавени се и резултати и од  Конкурсот за доделување 1570 стипендии за ученици запишани во дуалните паралелки (стручно образование во кои се  реализира практично образование со зголемен број  часови), за учебната 2025/2026 година.

МОН во  објавата наведува дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“ и нагласува дека незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори ниту да доставуваат жалби пред да добијат решение. Откако ќе добијат решение, за малолетните апликанти жалбата треба да биде поднесена од родител/старател.

-По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението. Просториите на Државната комисија се наоѓаат на Бул. „Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ кат 11), соопшти МОН.

Средношколците кои ќе добијат стипендија, пак, не треба да доставуваат испечатени и потпишани договори, нивните права и обврски во врска со  користењето на стипендијата се наведени во решението.