Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Објавено новото ИП „ Три амбиентални парчиња за камерен ансамбал“ на Никола Коџабашија и Тегет

/

пред 89 дена

Сподели преку :

Петнаесет години по објавувањето на албумот „Penelope X“, што го издаде Filter Label во 2011година, нашиот композитор Никола Коабашија, кој живее и работи во Велика Британија, го објави новиот проект „ Три амбиентални парчиња за камерен ансамбал“, работен со колективот Тегет.Во него членуваат истакнати музичари кои повеќе децении успешно творат во џез, рок и авангардната музика: Благојче Томевски -Трале (бас кларинет), Нинослав Спировски- Нино (тенор и сопран саксофон), Филип Букршлиев- Бука (електрична гитара), Ади Имери (електрична гитара), Александар Поп Христов (електрична гитара), Дориан Јовановиќ (фретлес бас гитара), Влатко Јаневски (бас гитара), Дарио Циевски- Цио (тапани), Панче Бујуклиев (синтисајзер) и Никола Коџабашија (електрично пијано, синтисајзер, семплер).

Материјалот на новото издание  е снимен на нивниот концерт во МКЦ, во август 2025 година, а го објави издавачот Filter Label.

Албумите на Никола Коџабашија и музиката за театарски претстави што ја компонира, постојано добиваат одлични рецензии во најреномираните медиуми. Но и покрај редовните ангажмани,  тој повремено работи и паралелни проекти за македонската публика. Како вистински музички камелеон, со секое следно издание Коџабашија окупира поинаков музички простор и ги истражува границите на познатите жанрови, стои во најавата за неговото најново издание „ Три амбиентални парчиња за камерен ансамбал“.