Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обука за деца на возраст од 8 до 10 години за правење и управување дронови – Литванија се подготвува за закани од Русија

/

пред 430 дена

Сподели преку :

Литванија ќе обучува деца да прават дронови и да ги управуваат во рамки на напорите на земјата да ги засили сопствените капацитети за соочување со било каква закана од Русија во иднина. Владата планира да обучи 22.000 луѓе во рамки на проектот, пишува „Гардијан“.

Во заедничката изјава на министерствата за одбрана и за образование се наведува дека литванската влада сака да обучи повеќе од 22.000 луѓе со вештини за управување на дронови, како дел од обидите за „проширување на обуката за цивилен отпор“. Програмата ќе биде прилагодена за различни возрасни групи.

Учениците во трето и во четврто одделение, на возраст од 8 до 10 години, ќе учат да составуваат и управуваат едноставни дронови, додека средношколците ќе дизајнираат и ќе произведуваат делови и ќе учат да управуваат со напредни модели.