Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинение „Феникс“: Се переле пари од „Скопје 2014“, а ќе се конфискува и хотел „Солун“

/

пред 1027 дена

Сподели преку :

Обвинение против пет лица за предметот „Феникс“  како и против шест правни лица е поднесено до Кривичниот суд. Тие се товарат за перење на пари.

Според обвинението, од 2008 година до крајот на 2022 година во Скопје, првообвинетиот за да прикрие дека поседува и располага со пари што потекнуваат од казниво дело и дека со нив создава нови приноси, како организатор, создал група што се занимава со перење на пари.

Членовите на групата започнала парите да ги прима и пушта во оптек на различни начини за да го прикрие нивното потекло и со нив бил купуван имот во државава и во странство.

На тројца обвинети им била определена мерка куќен притвор. Севкупниот имот (хотел, деловни простории, станбени единици и други недвижни и подвижни предмети) ќе биде предложен од страна на обвинителството за конфискација.

Најзвучното име меѓу обвинетите е поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев.

Хотелот кој е предложен за конфискација е хотелот „Солун“ во центарот на Скопје. Истрагата се однесуваше на набавката на 11 споменици меѓу кои и „Воинот на коњ“ поставен на плоштадот „Македонија“ кои биле опфатени во проектот Скопје 2014.

Обвинителот Љубомир Лапе во јули годинава изјави дека спомениците во Македонија имале многу висока тендерска цена, додека во Италија цената била исклучително ниска.

Плаќањето се вршело преку Општина Центар до леарница во Италија, па потоа преку офшор компании се переле парите.

За останатите кои беа осомничени во истрагата, поранешниот премиер во бегство Никола Груевски, ексминистрите за финансии и култура Зоран Ставрески и Елизабета Канческа Милевска, поранешните градоначалници на Општина Центар Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова, со измените на Кривичниот законик им застаре делото за злоупотреба на службената положба и овластување.