Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинение за адвокатот на “Ѓаволот“ фатен со пари за да интервенира кај судија

/

пред 200 дена

Сподели преку :

Обвинение за адвокатот и поранешен државен правобранител Фехми Стафа кој зел 50 илјади евра за да го спаси од притвор Љупчо Пецов – Ѓаволот . Пецов осомничен во Синџир за даночно затајување не влезе во Шутка но Стафа кој беше фатен со пари заврши во притвор и остаува таму и по поднесеното обвинение. Обвинителството за гонење органзиран криминал и корупција го товари за примање награда за противзаконито влијание .

Според обвинителниот акт, обвинетиот во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со намера да прибави противправна имотна корист, примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и преку давање поткуп да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши, велат од ОЈО ГОКК.

Адвокатот на Стафа за Телма потврди дека ја обжалил одлуката за притвор и подготвува приговор на обивнението по повеке основи. Криивчен треба да го оцени обивнението пред предметот да влезе во судница.

Истрагата за Стафа доведе и до апелациониот судја Ѓоко Ристов и до бункерот со 350 илјади евра во ѕид во куќата на неговите родители. За сега нема информации дали истрагата утврдила каде завршиле парите од Стафа земени од Ѓаволот . Судијата Ристов е во куќен притвор истрагата за него е во тек а одбраната тврди дека парите во зидот се на родителите легално заработени.

На 14 декември лани откако Стафа беше приведен обвинителството информираше дека тој побарал 100.000 евра за да влијае за укинување на мерка притвор на осомничениот кој бил недостапен. На 06 октомври Стафа примил 30.000 евра од сестрата на Пецов. На 13 декември уште 20.000 евра како дел од поткупот што го барал за да го даде на судијата по што бил упасен со парите.

Од апелација пак објансуваа дека уште на 2 декември судиите во кривичниот совет едногласно ја одбиле жалбата да му се укине притворот на Пецов.

Сепак три дена откако Стафа беше приведен неговиот клинет Љупчо Пецов кој беше недостапен подолго време се предал но не завшри во притвор туку доби куќен притвор со 24 часовен надзор

Кривичниот суд го прифати предлогот на обивнителството кое предложило поблага мерка, поради здравствени причини можност за влијание врз него но и поради индициите дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност.

Елена Ивановска Муковска