Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинение за мотоциклистот кој усмрти пешак на пешачка патека и побегна

/

пред 445 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненителен акт против мотоциклистот кој усмрти пешак и повреди уште едно лице во тешката сообраќајна несреќа што се случи на 1 јули годинава на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.

Според обвинителниот акт, обвинетиот управувал мотор „Кавасаки“ по пешачка патека, иако немал возачка дозвола и возел спротивно на сообраќајните прописи. Иако брзината на моторот била 35 километри на час, таа се смета за небезбедна на локација која е наменета исклучиво за пешаци. Поради тоа, обвинетиот не успеал навреме да запре и удрил во пешакот Југослав Николовски (1957), кој се здобил со тешки телесни повреди. Повреден бил и сопатникот на моторот.

Наместо да укаже помош, обвинетиот го напуштил местото на несреќата, оставајќи го моторот зад себе. Пешакот бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, каде подоцна им подлегнал на повредите.

Обвинителството го товари лицето за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

До Судот е доставен и предлог за продолжување на мерката притвор.