Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинетите припадници на Беланоца/Барон не признаа вина

/

пред 401 дена

Сподели преку :

Не се виновни. Вака се изјаснија обвинетите припадници на криминалната група Беланоца/Барон на денешното рочиште во судницата во Идризово за кривичните дела кои им се ставаат на товар- најмалку 8 убиства, злосторничко здружување, изнуди, закани, палење објекти и автомобили.

Еден од обвинетите Гани Марку до судот и до обвинителството достави телефонска комуникација преку која како што тврди, вицепремиерот Изет Меџити непосредно влијаел врз обвинителката Верица Бержетска Крстева да им се суди без докази.

Марку вусшност се години дека бил извршител на убиството на Орхан Бајрами Оки на Халкидики, еден од лидерите на спротиставената група Дуќанџик/Грчец. На ова претходеше и двојното убиство на соработниците на Оки, Јетон Кривањева Жила и Енес Исеинов Љаци во Шиша бар. Првобвинетиот и лидер на Беланоца, Фатљум Ајети Тоте, според обвинението,  обезбедил 250.000 евра и конкретни насоки за извршување на овие убиства.

Одбараната на обвинетите се базира на тоа дека единствените докази на обвинителството се обезбедени преку посебни истражни мерки, односно нвините клиенти биле прислушувани во затворски ќелии додека извршувале казна за други кривични дела и додека разговарале меѓу себе. Одбраната тврди дека аудио записите се прибавени на незаконски начин.

Дел од разговорите кои се воделе во ќелиите меѓу обвинетите беа пуштени на минатото рочиште во воведниот говор на обвинителката.

Вкупно се гонат 9 лица, а меѓу нив е Акиф Равмановски, кој важи за лидер на Барон. Потоа Зулќуфли Нуредини познат како Мали репки кој не разбираше за што е обвинет. На него на товар му се ставаат неколку убиства.

На обвинителна клупа се и браќата Маслани. Едниот од нив Шенаси Маслани е познат во јавноста како Шенки версаче и неговата опседнатост со модниот бренд. Останатите кои се обвинети се Решат Исмани, Абдула Садики и Акиф Мемши.

Марија Митевска