Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителката Ристоска смета дека судството е во сериозна криза на интегритет, министерот Филков е за пократки судења за кривичните и граѓанските предмети

/

пред 697 дена

Сподели преку :

Враќање на повисоките казни за висока корупција кои беа намалени со минатогодишните измени на Кривичниот законик (КЗ), измени на Законот за кривична постапка (ЗКП) за забрзување на судењата, конфискација и дигитализација на правосудството, се дел од механизмите што ги предлага обвинителката Ленче Ристоска за поефикасна и квалитетна правда. Не може да има квалитетна правда без интегритет.

Неефикасноста на судските постапки е една од пречките за владеење на правото, смета судијката Даниела Алексовска Стојановска од Кривичниот суд. Предлага подобрување на интероперабилноста на судовите за побрзо обезбедување на податоците.

Неопходноста од подобра ефикасност во правосудството ја истакнува и Европската комисија во последниот извештај. Министерот за правда, Филков оцени дека извештајот дава реален приказ и во споредба со минатогодишниот извештај е благо е подигнат степенот на подготвеност на земјата. Пократки судења и за граѓанските и за кривичните предмети е еден од главните предизвици, смета Филков.

Министерот најави дека ќе се реактивира Советот за следење на имплементацијата Стратегија за правосудство.

Елена Ивановска Мукоска