Функционери на ДУИ се повикуваат во надлежните обвинителства, тврди министерот за здравство, Арбен Таравари. Не сакаше да открие за кого се работи, но најави дека некои функционери ќе понесат одговорност за нивното работење кога биле на власт и покрај тоа што од ДУИ се обидуваат да ги заштитат и нив, и нивниот имот.
Од ДУИ остро реагираа, нарекувајќи ја изјавата скандалозна.
Од партијата повторија дека бараат меѓународно следена проверка на сите поранешни и актуелни носители на политички функции.
Далиборка Демјанска











