Обвинителството врши распити но и ги чека резултатите од нарачаните вештачења и анализи на претходно земените примероци од Крива Река. Предистрагата треба да утврди дали постојат елементи на кривчно дело од областа на загадување на животна средина, велат од обивнителството. Досега ги добиле анализите испатнеи од државниот инспекторат за животна средина а ги чекаат и оние од градоналачникот на Крива Паланка.
Директорката на инсепкторатот Ивана Гиновска вчера негираше дека загадувањето со цијанид е неколку стотици пати над дозволеното како што тврдеше градоначалникот Митовски. На прашањето што покажуваат анализите кои таа ги побарала, кусо одговори дека цијаниди во Крива река има помалку од 2 . Не откри кога се земени примероците и потврди дека на денот кога пукнала цевка во рудникот Тораница инспекторите не зеле мостри.
Екс минситерката за животна средина и потпретседатлека на СДСМ Каја Шукова во вчерашаната Топ тема рече дека испитувањето на градоначалникот покажало присуство на цијанид 14 пати погоелмо од дозволената вредност. Инцидентот во рудникот Тораница бил пријавен на време, сепак не биле земени примероци на време, реагираа и од невладниот сектор
Директорот Тони Тоневски на Булмак 2016 во верашната Топ Тема рече дека настанал технички проблем, тие веднаш реагирале а потврди и дека информациите од инспекторските увиди и неделните анализи кои по закон фирмата е обврзана да ги прави, ќе се потруди да ги објави наредната недела на нивната веб-страната. Од ВМРО ДПМНЕ и денеска бараат криивчно да одговара градоначалникот на Крива Паланка за ширење паника
Анализите кои ги објави Државниот инспекторат за животна средина го покажуваат спротивното и го демаскираат трулиот обид на Митовски да манипулира. Мизерно е како Митовски не се колебаше да манипулира со најчувстителната тема за граѓаните – безбедноста на водите и почвата, само за да шири паника и ќари некој ситен политички поен пред избори.
На компанијата „Булмак 2016“, и изречена ѝ е казна од 180-200 илјади евра за правниот субјект и 10 илјади евра за одговорното лице, Компанијата потпишала спогодба и предметот е предаден на Комисијата за спогодување, при Министерството за животна средина и просторно планирање.
Елена Ивановска Муковска











