Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од 1.800 на 2.100 се зголемува сумата на повратот од ДДВ

/

пред 1388 дена

Сподели преку :

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии. Со предложените измени, се зголемува највисокиот дозволен износ што може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје.

Како што соопштија од Владата, се планира највисокиот износ што може едно лице да го оствари, како право на поврат на дел од данокот на додадена вредност, да се зголеми на 2.100 денари по квартал за едно физичко лице.

Сега, овој износ по лице и по квартал е до 1.800 денари.