Прво ревизија, а потоа ќе се одлучува како ќе продолжи изградбата на училишните базени, кои во земјава се почнати, но не и завршени, најави министерот за спорт Борко Ристовски. Поранешната Агенција за спорт базените почна да ги гради во 2019 година, а според проценките на новото министерство се дека градежните активности се реализирани само од 20 до 30 отсто.
Штипскиот училишен базен почна да се гради пред четири години, а требаше во него по една година учениците и членовите на спортскиот пливачки клуб да ги имаат и првите часови по пливање. Објектот кој не е доизграден е обрснат со трње. Штипскиот градоначалник лани предложи општината да ја заврши изградбата на затворениот базен, но централната власт го одби предлогот.
- „Овој тип на базен што беше проектиран е скапа работа и по некој пресметки нивното одржување месечно би чинело околу 3милиони денари, што морам да напоменам дека за секоја општина би било сериозно оптеретување. Имаме некакви размислувања, но најпрвин да излезат ревизиите, па потоа ќе размислувај кој и како би стопанисувал со нив“ изјави Борко Ристовски, министер за спорт.
Од 14 те затворени базени во земјава, само два се завршени, остантите почнати и си стојат незавршени. Само еден ваков базен државата во 2020 ја чинеше 38 милиони денари.
Викторија Јованова











