Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од 15.000 приговори, само кај 2.200 ималo основ за корекција на сметката за струја – денеска протест во Бутел

/

пред 588 дена

Сподели преку :

Жителите на Арачиново и на Сингелиќ денеска излегуваат на протест поради високите сметки за струја. Протестот ќе се одржи во Бутел во 13 часот. До Електродистрибуција пристигнале 15.000 поплаки за корекција на фактурите за потрошена електрична енергија за период од два месеца, но основ за корекција, односно сторнирање имало само кај  2.200 сметки, односно на 15 отсто.

Од компанијата додаваат дека најголем дел од броилата се читаат редовно, додека, пак, мал процент остануваат непрочитани во текот на месецот, затоа што станува збор за затворени мерни уреди или, пак, се наоѓаат во рурални средини кои не се пристапни во текот на целата година.

Од ЕВН, пак, тврдат дека бројот на поплаки во однос на претходната година е намален.