Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од 15 ти месецов нови промени на македонските патишта

/

пред 87 дена

Сподели преку :

Од 15 месецов на патарините, лентите означени со MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корисниците на електронски тагови, информираат од Јавното претпријатие за Државни патишта.

–Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.

оттаму апелираат до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање:

  • електронска наплата (MTAG / MCARD)
  • готовинско плаќање (CASH)
Воедно, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите:

  • зелена стрелка – означува активна (отворена) лента
  • црвен икс (X) – означува затворена лента
Секое Непочитување на означувањето и  лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот“,  велат од претпријатието.