Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од 600 до 800 денари субвенции за сметките за струја на домаќинствата со ниски приходи, да се аплицира до крајот на февруари

/

пред 1346 дена

Сподели преку :

Продолжува субвенционирањето на сметките за струја на најранливите категории граѓани. Годинава за оваа мерка се предвидени 60 милиони денари или еден милион евра.

Министерот за економија Крешник Бектеши, вели дека субвенцијата ќе изнесува 600 до 800 денари, а јавниот повик е веќе објавен на веб-страницата на Министерството за економија и сите граѓани кои ги исполнуваат условите може да аплицираат најдоцна до крајот на февруари.

-За самец со приходи до 18.000 денари денари, за домаќинство со два члена до 25.000 денари, за домаќинство до три члена до 30.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 600 денари, додека за домаќинство со четири члена со приходи до 36.000 денари и за домаќинство со пет члена и повеќе члена до 43.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 800 денари, рече Бектеши на прес-конференција во Владата.