Од денеска, по осум години пауза, повторно функционира Комората за вештаци со што повторно ќе може да се едуцираат и лиценцираат вештаците, но и ќе се надминат проблемите со кои досега се соочуваше правниот систем и особено крупните судски процеси кои често траеја со години токму поради проблеми со вештачењата.
Комората за вештаци почнува со обуки веднаш. Првите лиценци се очекува да ги издаде во март или април идната година, а паралелно ќе се врши процесот на релиценцирање.











