Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од државниот буџет се обезбедуваат 65 милиони евра за изградба на Универзитетот „Мајка Тереза“ и подземен паркинг на Плоштадот Скендербег

/

пред 425 дена

Сподели преку :

Обезбедени инвестиции од државниот буџет во износ од 65 милиони евра за почеток на изградба на универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“ како и изградба на подземен паркинг на Плоштадот Скендербег. Ова денес го соопшти првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити кој додаде дека наскоро ќе започне нивната реализација.

„Сè е подготвено за нивниот почеток. Овие инвестиции ќе донесат долгорочни придобивки за студентите, граѓаните и економскиот развој на Скопје. Во таа насока, денес остварив значаен состанок со министерот за транспорт, Александар Николоски, директорот на Инспекторатот за градежништво и претставници на Општина Чаир, каде што се договоривме за конкретните чекори што ќе го обезбедат итното започнување на овие проекти“ обзнани Меџити.

Неколку години наназад се најавува изградбата на овој кампус. Поранешниот министер за образование Јетон Шаќири исто така најавуваше обезбедување на инвестиции со што овој кампус ќе се модернизира заедно со кампусите на најголемиот универзитет во Македонија „Св. Кирил и Методиј“.

Минатата година во септември на владина седница беше донесена одлука со која ќе се обезбедат 34,5 милиони евра за изградба кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“. На овој универзитет студираат 1.883 студенти според податоците на Државниот завод за статистика за 2024 година. Сега засега нема слични најави за инвестиции за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ каде студираат над 20.892 илјади студенти.