Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Од Кочани до Кран-Монтана“ – тивка почит на 10 јануари за загинатите во Швајцарија

/

пред 283 дена

Сподели преку :

Под мотото „Од Кочани до Кранс-Монтана: Тивка почит за загинатите“, градот кој ја носи лузната од сопствената трагедија оваа сабота ќе замолчи во знак на почит кон жртвите од трагедијата во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана. Организаторите од Кочани информираат дека планираниот „Марш на ангелите“ нема да се одржи, а наместо тоа граѓаните се повикуваат на мирна и достоинствена средба, со која ќе се испрати порака на сочувство и солидарност.

Жителите на Кочани ќе се соберат за да запалат свеќи и да оддадат почит во тишина.

Настанот е закажан за сабота (10 јануари) со почеток во 16:40 часот, а собирното место е Паркот на Револуцијата во Кочани.

„Ве повикуваме да бидеме заедно во тишина, сочувство и солидарност. Од град што ја носи болката во себе, до мајките и семејствата што денес ја живеат истата тишина – да застанеме заедно, без зборови што се премали за ваква загуба“, стои во повикот до јавноста.

Организаторите посочуваат дека тишината понекогаш зборува погласно од зборовите и дека токму преку ваков чин се поврзуваат оние што изгубиле со оние што паметат.