Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од петок почнува ЕУ евиденција на граница

/

пред 183 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 10 април, петок, започнува со целосната имплементација на системот за влез во ЕУ, со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ.

Со воведувањето на овој систем, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци, како што се отпечатоци од прсти и фотографија, со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена“ со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.