Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од слобода ќе се бранат инспекторите од УЈП  осомничени дека соработувале со газадата на „Пулс“

/

пред 293 дена

Сподели преку :

Инспекторите од УЈП  осомничени дека соработувале со газадата на дискотеката Пулс и Драган Паунов и Дуле Димитриев ќе се бранат од слобода, потврдија за Телма од Штипскиот Апелационен суд кој  ја потврди одлуката на Основниот суд во Кочани да им бидат одредени мерки за претпаазливост во замена за куќниот притвор.

Тоа го бараа осомничените кои еден месец поминаа во домашен притвор, но сега приложиле и лекарска документација дека имаат здравстевни пробелми.

Двајцата инспектори се осомничени дека земале поткуп и му дојавувале на синот на газдата на „Пулс“ каде се случи трагичниот пожар, кога ќе има ненајавени контроли во диското.

Паунов е брат на Даниела Димовска, претседателката на Кривичен суд. Таа реагираше дека нема никаква поврзаност со предметот на нејзиниот брат.