Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

/

пред 99 дена

Сподели преку :

Од среда (1 јули) започнува целосната забрана за движење во шумите поради зголемена опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, мерка што ќе трае до 31 август, соопшти министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

„Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“  и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кое управуваат“, информира МЗШВ.

Од таму додаваат дека за непочитување на забраната за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе бидат затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.