Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОДИХР официјално започнува со набљудување на локалните избори во Македонија

/

пред 412 дена

Сподели преку :

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР денеска официјално започнува со набљудување на локалните избори 2025, по вчерашната седница на Државната изборна комисија (ДИК), на која беа усвоени барањата за акредитација на 14 меѓународни набљудувачи.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, информираше дека денеска ќе се одржи и првата официјална средба со претставниците на набљудувачката мисија, која ќе биде во постојана комуникација со Комисијата и ќе присуствува на сите нејзини јавни седници.

На седницата, ДИК ги усвои измените на регистарот на медиуми кои ќе ги следат изборите, како и 34 барања за изземање на членови на општински изборни комисии, на чија позиција се назначени нови лица.

Првиот изборен круг ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември, каде што ќе биде потребно.