Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одложен 19-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија поради барање од Трамп

/

пред 395 дена

Сподели преку :

Европската комисија го одложи презентирањето на новиот, 19-ти пакет санкции против Русија, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара побрзо откажување на ЕУ од руските енергенси.

Пакетот требаше да биде претставен утре пред амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и да вклучува мерки против руски банки, „сивата флота“ која ги заобиколува санкциите, како и механизми против трети земји што го овозможуваат тоа.

САД бараат и воведување високи тарифи за Кина и Индија – најголемите купувачи на руска нафта и целосен прекин на увозот на руски енергенси од страна на ЕУ.

Европските лидери засега се воздржани кон такви чекори, нагласувајќи дека тарифите не се исто што и санкции.

Новиот датум за разгледување на пакетот санкции сè уште не е утврден.