Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одложи ја свадбата, безбедносниот ризик е зголемен – Нетанјаху со барање до неговиот син

/

пред 721 дена

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од неговиот син Авнер да ја одложи свадбената церемонија, која е планирана за 26 ноември на фарма во регионот Шарон, северно од Тел Авив.

Причината за ова барање е зголемениот безбедносен ризик, особено поради потенцијална закана од дронови, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Оваа мерка е побарана откако дрон на „Хезболах“ погоди прозорец од приватната резиденција на Нетанјаху во почетокот на овој месец, предизвикувајќи материјална штета.

Извори блиски до премиерот соопштија дека Нетанјаху рекол дека одржувањето на свадбата може да претставува ризик за присутните.