Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Огласот за избор на директор на Универзална пропадна и мораше да се назначи ВД – вели Ѓорѓиевски за именувањето на Кацаров

/

пред 144 дена

Сподели преку :

За седум дена ќе биде распишан нов оглас за избор на директор на Универзална сала, најави денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

За именувањето на Миро Кацаров за директор на Универзална, за што имаше реакции во јавноста, Ѓорѓиевски вели дека тој бил поставен за ВД директор зашто пропаднал огласот за избор на нов директор.

„Таму имавме повик кој што пропадна и мораше да се назначи ВД директор од вработените во институцијата, а во наредните седум дена ќе биде спроведена постапка за повторно да биде избран нов директор кој ќе раководи со Универзaлна сала“ рече Ѓорѓиевски.

На претходниот оглас имало само една пријава но не била комплетна.