Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Огласот за наследник на Димитровска во ДКСК ќе биде распишан утре

/

пред 433 дена

Сподели преку :

Утре ќе биде објавен огласот за избор на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), соопшти собранието. Според законот, огласот треба да биде објавен во Службен весник и во два печатени медиума.

Како што се наведува во информацијата од Собранието, рокот за пријавување ќе трае 10 дена, а понатамошните фази од постапката ќе се спроведат согласно роковите и процедурите утврдени во член 12 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Собранието во петокот донесе Предлог на одлука за објавување на јавен оглас за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата откако сега веќе поранешната претседателка на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинувањата на

Обвинителството за гонење организиран криминал и обвиненијата за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна.