Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Огнот длабоко навлезе во шумите на планината Готен

/

пред 453 дена

Сподели преку :

Продолжува борбата со огнената Стихија на планината Готен. Огнот длабоко навлезе во шумите на територијата на општините Радовиш и Берово, а во моментов најкритично е во атарот на општина Берово каде во моментов има стотина припадници на армијата, пожарникари но и вработени во национални шуми.

  • „И утрово можам да кажам дека најголема концентрација на луѓе имаме од страна на Берово таму пожарот е навлезен во висококвалитетна букова шума и таму можеме да работиме гради во гради, односно се прави засек во листењакот што гори и можеме да реагираме со човечка сила. Затоа денес таму со нашите сили се 40 припадници на АРМ со нашите 25 вработени од национални шуми Берово и останатите. Имаме и специјализирани возила кои се на терен“, вели Кире Михаилов, заменик генерален директор на Национални шуми, кој е на терен на планината Готен.

Михаилов објаснува дека пожарот се шири во неколку правци и дел од нив ќе мора да се спречуваат со механизација, односо да се изолираат пред да се зафати поголема површина. Тоа се прави и на територија на Берово, но и на територија на општина Радовиш.

  • „Од Берово исто така имаме и два крака од страна на Радовиш, од утрово ги браниме со некаде 40 луѓе се прават засеци и во секој момент очекуваме да почне со работа и мехнизација. Има уште еден крак кај радовиш таму чекаме машина која ќе  прави пресек кај селото Злеово па нагоре до местото каде што трите патишта ќе се пресечат и ќе може да се изолира пожарот“, додава Михаилов.

Пожарот на планината Готен трае повеќе од една недела. Почна на територија на општина Василево, но поради високите температури и непристапниот терен брзо се префрли и во општините Радовиш и Берово.

Сузана Мицева