Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ограничување на маржите на маса – средба на претставниците на новоформираната Стопанска комора на трговци со министерот за економија

/

пред 603 дена

Сподели преку :

Претставниците на новоформираната Стопанска комора на трговци на големо и мало, која вклучува продавници за прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун, денеска ќе се сретнат со министерот за економија Бесар Дурмиши по повод Предлог-одлуката за ограничување на маржите до 10 проценти во трговијата на мало и на големо.

Комората информираше дека претходно се сретнала со премиерот Христијан Мицкоски, кој го задолжил министерот за економија да одржи средба со нив.

Од Комората најавуваат дека ќе излезат со ставови кои ќе ги образложат на средбата со министерот и ќе анализираат можни заеднички решенија за да се создаде поволна клима за работа без да се нанесат штети на секторот.

Претходно предупредија дека доколку биде донесено ограничувањето на маржите до 10 проценти тоа може да го доведе во прашање опстанокот на 86 трговски фирми со 790 продавници и 4.700 вработени.

Одлуката, според нив, ќе доведе до отпуштања и затворање на маркетите, што би предизвикало големи штети.