Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ограничување на рабат, рок за имплементација и висина на казни – Бектеши за законот за спречување нефер практики

/

пред 1087 дена

Сподели преку :

Ограничување на рабат, рок за имплементација и висина на казни. Министерот за екномија Крешник Бектеши на денешната средба со претставниците на најголемите компании во земјоделскиот сектор дебатираше за Законот за спречување на нефер практика во синџирот на снабдување со земјоделски прехранбени производи кој е во финална фаза од подготовката. Компаниитеимаат рок до крајот на месецот да ги доставата забелешките а потоа Законот оди во Влада. Министерот Бектеши најави дека ќе се користи европското знаменце кога ќе стигне во Собрание и очекува да биде изгласан до крајот на годинава  а компаниите ќе имаат 6 месеци за импелемнтација, рокј кој може и да биде скратен.

Она што е клучно е дека со овој Закон каде се набројани 26 нефер практики ќе се стави ред во начинот на трговијата со земјоделските прехранбени производи, максималниот рабат ќе се ограничи на 10 отсто, ќе има поефтинување на цените во моментот кога ќе стапи на сила и подобрување на квлаитетот на производите.