Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Oгромни штети врз шумите, земјоделските површини и урбаните средини- 2024 и 2022 година најголеми штети од пожарите

/

пред 397 дена

Сподели преку :

Македонија и оваа година се соочува со сериозни пожари кои предизвикуваат огромни штети врз шумите, земјоделските површини и урбаните средини.

Иако вкупните податоци за 2025 ќе бидат познати дури по крајот на годината, веќе е јасно дека земјата останува силно ранлива на ваков тип еколошки катастрофи.

Најкатастрофални години досега биле 2024 и 2022 година.

Според Европскиот информациски систем за шумски пожари, во 2024 биле опожарени над 95.000 хектари – што претставува 3,6% од територијата на земјата.

Од нив, 61.000 хектари биле шуми, покажуваат податоците од ЈП „Национални шуми“.

Во 2022 пак се уништени шумски комплекси со највисок квалитет.

Причините за пожарите се комплексни, но доминира човечкиот фактор – палење на отпад, стрништа или шуми, со слаба еколошка свест и речиси никаква одговорност.

Експертите предупредуваат дека се потребни системски реформи: од казни за пироманите и вложувања во опрема, до јавна едукација и превентивни политики за справување со сè поопасните пожари.