Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Охрид и Кичево погодени од силно невреме проследено со град кој предизвика големи штети

/

пред 1214 дена

Сподели преку :

Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд и град попладнево го зафати Охридскиот регион. Големиот воден талог кој наврна за краток временски период предизвика поплави по улиците, а зелените површини забелее од град.

Градот беше со големина на лешник, но и поголем, веројатно предизвика големи штети на земјоделските култури, кои допрва ќе се утврдуваат.

Поради невремето свикана е итна седница на Општинскиот кризен штаб.

Покрај Охридско-струшкиот регион, според информациите на Центарот за управување со кризи, невреме со дожд и град го зафатил и кичевскиот регион.

– Од дежурните оперативци ви 112 и СОК во ЦУК, согласно јавувањата на граѓаните на 112 и на дежурните институции во земјава, информираат дека невремето од Охридско-струшкиот регион се движи кон Кичевско и веќе го зафсќа и Полошкиот регион, стои во информацијата од ЦУК.