Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Охридското Езеро ќе биде дадено под 12 годишна концесија за управување?

/

пред 619 дена

Сподели преку :

Државата планира да го издаде Охридското Езеро на седум концесионери за стопански риболов на период од 12 години, што пак предизвика загриженост кај риболовните здруженија.

Тие сметаат дека оваа одлука ќе ја влоши веќе лошата состојба со рибниот фонд, бидејќи езерото повеќе од пет години е без концесионер.

Шест од седумте концесионери се веќе избрани, а министерот за земјоделство уверува дека ќе има поголема контрола.

Сепак, од риболовните здруженија предупредуваат на проблемот со нелегалниот риболов и недостаток на контрола.

Покрај за стопански риболов, државата го издава Охридското Езеро и за рекреативен риболов на 12 години.

Концесиите за рекреативен риболов се доделуваат за девет риболовни зони, а идните корисници ќе бидат избрани преку електронско наддавање.

Крајниот рок за аплицирање е 30 дена од објавувањето на повикот.