Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

/

пред 473 дена

Сподели преку :

Постапка против едно лице за кривично дело поведе Основното јавно обвинителство Скопје за  Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери, соопшти ЈОРМ.

-Синоќа, на улицата “Ѓорче Петров”, осомничениот 57-годишник со запалена хартија од табла за јајца потпалил сува трева. Со настанатиот пожар биле зафатени и изгорени околу 200 м2 тревна површина, а постоела реална опасност огнот да излезе од контрола и да зафати неограничен круг објекти во населено подрачје. Имајќи ја предвид заканата и тежината на кривичното дело за кое е предвидена затворска казна до пет години, јавниот обвинител оцени дека постои ризик осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до Судот достави предлог за определување мерка притвор, стои во соопштението.

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа на територија на Ѓорче Петров го лишиле од слобода Д. Н. (57) од Скопје поради основи на сомнение дека околу 21.40 часот подметнал пожар односно запалил сува трева во тревникот на ул. „Стево Црвенковски” во Ѓорче Петров.

Како што соопшти МВР, Д.Н. бил забележан од граѓанин, кој пријавил во СВР Скопје, а полициски службеници веднаш презеле мерки и активности и сторителот е лишен од слобода.