Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оливера Николова беше и останува прва дама на македонската современа проза

/

пред 699 дена

Сподели преку :

Веста за смртта на Оливера Николова, која пишуваше со енормна енергија и креативност,  ја примивме со нескриена емотивност и тага, велат од Институтот за македонска литература.

  • Не само поради тоа што Оливера Николова беше и останува првата дама на македонската современа проза, туку и поради тоа што таа беше за многумина омилена јавна личност , со која сме се дружеле уште во детството , преку култната книга за деца „ Зоки Поки“, неодамна филмувана. И која што пленеше со скромноста и благородноста на својата личност, а истовремено зад себе го имаше оној огромен капитал на разнообразје на теми, книжевни мотиви , експериментирање со стилови, што навистина секогаш одново побудуваше интерес, кажа во изјава по телефон , Наташа Аврамовска, директорка на Институтот за македонска литература.

Николова се истакна како писател за деца, романсиер, раскажувач, поет и драматург, со повеќе од 30 објави. Разновидноста на темите и стилското богатство се клучен белег во нејзиното творештво.  Пишуваше за создавањето на нашиот идентитет во романот „ Куклите на Росица“, за шверцот во „ Белиот чад“,  ја оживеа книжевната меморија за Скопје, покажувајќи стилско мајсторство во „ Вежби за Ибн Пајко“, а промовираше и нов литературен стил на женска проза, во расказите „ Лева комора“, вели Аврамовска. За денешните македонски авторки таа беше писателска мајка.

  • Со првенството што таа го има остварено , во длабочината и ширината на зафатот, таа истовремено сигурно им има послужено како писателка во која се имаат угледувано, рече директорката Аврамовска.

За својата успешна работа, Николова освои повеќе награди и признанија, дома и во поранешната заедница. Меѓу нив се „ Рациново признание“, „ Стале Попов “ , „ Прозарт“,  двапати „ Роман на годината“, „ Змаева награда“, а претседателот Пендаровски ја одликува со орден за заслуги, за Македонија.

Сотир Трајков