Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„ОМВ“: Европа не е подготвена за забрана на рускиот гас

/

пред 1614 дена

Сподели преку :

Европа не е подготвена за забрана на увозот на гас од Русија, а прекин на испораките би влијаел врз нејзината индустрија и стопанството во целина, изјави Алфред Стерн, првиот човек на австриската нафтена компанија „ОМВ“.

– Мислам дека не сме подготвени за ембарго, освен ако не сме подготвени да ги прифатиме последиците. Една работа треба јасно да се разбере – ние не можеме во Европа да обезбедуваме снабдување со гас од сопствено производство, туку преку испораки од Русија, истакна Стерн во интервјуто за виенски „Курир“.

Управата на „ОМВ“ смета дека прекинот во снабдувањето би имал големи последици врз индустријата и економијата.