Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОН: Околу 80.000 тони храна подготвена за испорака на помош во Газа

/

пред 637 дена

Сподели преку :

По најавата за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, Светската програма за храна на ОН повика на неограничен пристап за испорака на итно потребната храна и помош во регионот. Според нив, околу 80.000 тони храна чекаат надвор од Газа или се на пат, што е доволно да се прехранат повеќе од милион луѓе за три месеци.

Според податоците на ОН, повеќе од 90% од два милиона жители во Појасот Газа страдаат од глад. Недостига и вода за пиење, засолништа за итни случаи и лекови.

„Примирјето носи надеж, но ни треба неограничено движење на хуманитарни тимови и материјали за да стигнеме до оние на кои им е потребна“, се вели во нивната објава на платформата Икс.