Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОН: Повеќе од 5 милиони луѓе ја напуштија Украина

/

пред 1631 дена

Сподели преку :

Агенцијата на ОН за бегалци објави дека 4.869.019 Украинци ја напуштиле земјата од почетокот на руската инвазија на Украина, што е зголемување за 32.574 од саботата, пренесе АФП, цитирајќи го високиот комесар за бегалци Филипо Гранди.

„Додека христијаните го слават воскресението, ние мораме тврдоглаво да се надеваме дека во деновите, месеците и годините што доаѓаат методите и јазикот на војната нема да надвладеат над оние методи, покомплицирани и потешки, кои носат мир“, рече Гранди.

Покрај речиси 4,9 милиони Украинци кои ја напуштија земјата поради руската инвазија, околу 215.000 студенти и работници мигранти кои се државјани на други земји ја напуштија Украина, соопшти ОН. Тоа значи дека повеќе од 5 милиони луѓе ја напуштиле Украина по војната.