Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОН предупредуваат: Израелска копнена офанзива во Рафа може да доведе до масакр

/

пред 984 дена

Сподели преку :

Израелска копнена офанзива врз Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, може да доведе до масакр во областа во која живеат повеќе од милион луѓе, предупредија Обединетите нации (ОН).

Израел претходно соопшти дека има намера да ги протера членовите на Хамас од нивните засолништа во Рафа.

„Воени операции во Рафа може да доведат до масакр во Појасот Газа и би можеле да ја доведат до пропаст и онака кревката хуманитарна операција. Ни недостасуваат безбедносни гаранции, средства за помош и персонал за да ја одржиме оваа операција“, истакна шефот за хуманитарна помош на ОН, Мартин Грифитс.

Меѓународната заедница предупреди на опасните последици од секаква израелска копнена инвазија на Рафа. Владата на Израел не може да продолжи да ги игнорира овие повици, додаде тој.