Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОН загрижени за судбината на цивилите во Рафа, град кој Израел го смета за последно упориште на Хамас

/

пред 988 дена

Сподели преку :

Обединетите нации се екстремно загрижени за судбината на цивилите во Рафа, по апелот на Израел за евакуација поради најавата за копнена офанзива.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека и наредил на војската да подготви план за евакуација на голем дел од населението и покрај силните меѓународни критики за напад на преполниот град на југот на Појасот Газа.

Рафа за Израел е последното упориште на Хамас. Проценките на ОН се дека во меѓувреме се преселени 1,4 милиони Палестинци во јужниот град во Појасот.